One UI 8 донесува една новина која ќе стави крај на практика која беше многу повеќе популарна порано. Се работи за можноста за отклучување на таканаречениот „bootloader“, по што се добива можност да се направат повеќе измени на уредот, меѓу кои и инсталирање на целосно друг систем. Иако има неколку причини за ваквото отклучување на системот, една од најпопуларните беше можноста за инсталација на друг систем. Порано доста познати беа ...

Од новата верзија на Samsung One UI 8 тивко е отстранета можноста за отклучување на bootloader-от, што разочара одреден дел од корисниците. One UI 8 на Samsung носи бројни подобрувања и веќе е достапен како стабилна верзија на Galaxy Z Flip 7 и Fold 7. Но, иако повеќето корисници ги поздравуваат новитетите – особено по лошото искуство со One UI 7 – дел од понапредните корисници беа непријатно изненадени: Samsung тивко ја отстрани можноста за ...