Осум сириски војници вчера загинаа во израелските напади со беспилотни летала врз јужните предградија на Дамаск, додека неколку други беа ранети, соопштија сириски претставници и сирискиот Центар за мониторинг на човекови права со седиште во Велика Британија. Сириската државна агенција САНА објави за дополнителни израелски воздушни напади, но деталите за тие акции сè уште не се познати. Според САНА, во првичните напади биле погодени сириски ...

Израелски безбедносен службеник во четвртокот изјави за саудискиот канал Ал-Хадат дека Израелските одбранбени сили „демонтирале турски уреди поставени во предградие на Дамаск за шпионажа“. Тој додаде дека станува збор за „тајна и опасна опрема“. Израелски функционер ја опиша агресијата врз Сирија, односно нападот во близина на главниот град Дамаск, како „клучен за безбедноста на Израел“. Тој му порача на сирискиот режим да не „го тестира нашето ...