Фудбалерите на Овче Поле го загубија најважниот натпревар сезонава, откако во 21. коло од Третата лига – Исток беа поразени на гостувањето кај Хоризонт Турново со 2:0. Поразот на тимот од Свети Николе директно влијаеше на шампионската трка, бидејќи Победа Валандово со триумфот од 3:1 против Карбинци и математички ја обезбеди титулата во источната конкуренција. Со новите три бода, валандовчани стигнаа до 44 бодови и на коло пред крајот ...

Екипата на Победа Валандово стигна до триумф од 1:3 на гостувањето кај екипата на Карбинци во рамки на претпоследното коло на Трета лига – Исток, а притоа поразот на Овче Поле од Хоризонт Турново, значи дека „калинкарите“ на едно коло до крајот се шампиони во Трета лига – Исток и ќе играат бараж за Втора лига. Само пет минути требаше за тимот од Валандово да има двојна предност против Карбинци преку Филип Зајков и Никола Костадинов, а веќе ...