„Веруваме дека случајно британските медиуми, меѓу кои и ‘Тајмс’ објавија за што се разговара. Веруваме дека случајност е потегот на ВМРО-ОКГ да донесе декрет во Собранието за да забрани да се зборува за темата. Толку многу веруваме дека е случајно и тоа што ВМРО-ОКГ не прифати да ја потпише резолуцијата на СДСМ со која би се ставила точка на оваа тема. Зошто да се стави точка на темата со резолуција во Собранието? Исто така е случајно што ...
Од опозицискиот СДСМ во денешното соопштение, со доза на иронија, велат дека му веруваат на премиерот Христијан Мицкоски бидејќи, како што велат, тој е познат по тоа што кога нешто ќе каже го исполнува. Ова го ставија во контекст на повторната актуелизација на темата за договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти што земјава го потпиша со Велика Британија. Но, посочија и други примери. „Како на пример, ...

