Екипата на Вардар остана без главниот тренер Кристијан Фабијани по дерби поразот со Шкендија, а на следниот дуел со Струга Трим Лум, познато е кој ќе го води тимот. Аргентинецот се раздели со македонскиот шампион, а на натпреварот со стружани, тренерите кои ќе го водат Вардар ќе бидат најблиските асистенти на Фабијани. Тоа се Матија Мирков и Христијан Кировски, кои ги работеа последните тренинзи на екипата. Вардар е во потрага на нов стратег, ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги казни со забрана за настап иницијаторите на мечаницата по дерби-мечот помеѓу Вардар и Шкендија (0-2). Аргентинецот Торес ќе биде на „ладење“ на следните пет меча, додека дефанзивецот на Шкендија, Анес Мељичи, ќе нема право на настап на следните три натпревари. Дополнително, Вардар е казнет со 1.000 евра поради користење на пиротехника од страна на нивните навивачи на дуелот ...

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија ги изрече санкциите по инцидентите кои се случија по завршувањето на дерби натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија, кој се играше во рамки на второто коло од ПМФЛ. Покрај натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, казни беа изречени и за еден фудбалер на Струга Трим Лум, како и за штипска Брегалница. Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на ФК Вардар, се казнува со забрана за настап на пет ...