Италија не успеа да обезбеди пласман на уште едно Светско првенство, трето по ред што ги покажува сите мани и слабости на фудбалот во оваа земја. И клупскиот фудбал веќе некое време не е на посакуваното ниво, поточно доста работи не функционираат и некои одредени блесоци како освоеното Европско првенство и двете финалиња на Интер во ЛШ не можат да го сокријат сите лоши работи кои постојат. Се најавуваат сериозни промени, важни имиња веќе ги ...

Поранешниот германски репрезентативец и селектор, Јирген Клинсман даде свое мислење за случувањата ви италијанскиот фудбал и зошто Аѕурите трето Светско првенство по ред се надвор од елитата. Клинсман добро го познава италијанскиот фудбал затоа што како играч три сезони со успех настапуваше за Интер, а потоа кратко го носеше дресот и на Сампдорија. По завршување на играчката кариера, Клинсман беше селектор на Германија, потоа предводник и на ...