Најмалку пет лица го загубија животот, а околу 20 други се повредени во голем пожар што утринава избувна во одделот за интензивна нега на приватна болница во источната индиска држава Бихар, соопштија локалните власти. Според информациите на весникот „Хинду“, постои сериозен страв дека бројот на жртвите дополнително ќе се зголеми, со оглед на тоа што дел од повредените се наоѓаат во критична состојба во болницата во округот Музафарпур. ...
Три лица денеска загинаа, а две се повредени во експлозија која најверојатно е предизвикана од истекување на гас, по што се урна зграда во градот Порто Сант’Елпидио во близина на италијанскиот град Анкона, објави Анса. Двајцата повредени се префрлени во болницата Торете во Анкона. Противпожарната служба, брзата помош и агенциите за спроведување на законот брзо пристигнаа на местото на настанот. Во несреќата загина 47-годишниот Џузепе Пјерони, ...

