Охрид, 16. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиентниот воздух од Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) кои пристигнуваат во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, покажуваат високо загадување на воздухот вечерва во Охрид. Во 20:00 часот во Охрид се измерени PM10 253.71 mg/m3. Покрај во Охрид, високо ниво на загаденост е ...

По неуспехот на институциите да одговорат на барањата за чист воздух, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ повторно излегува на улица. Во соопштението за медиуми, активистите најавуваат мирна граѓанска блокада на 21 јануари во 18 часот, на раскрсницата на булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, во правец кон индустрискиот капацитет Усје. – Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти ...