Министерството за транспорт и врски негира дека државата некогаш склучила договор за субвенции со германската авиокомпанија „Луфтханза“, по обвинувањата од Либерално демократската партија (ЛДП) дека половина милион евра народни пари завршиле кај странската компанија. -Ве информираме дека Министерството за транспорт нема склучено договор за субвенции со авиокомпанијаа „Луфтханза“, велат од Министерството за транспорт и врски во одговор на ...

Благој Бочварски, поранешен министер за транспорт и врски ја расчисти дилемата дали германската авиокомпанија „Луфтханза“ добивала државни субвенции за да лета од Скопје до Франкфурт. Тој за „Локално“ изјави дека компанијата, иако конкурирала на јавниот повик и била избрана да склучи договор, сепак на крајот не бил склучен бидејќи не ги доставила потребните гаранции. -Во врска со повикот за субвенционирани авио линии од аеродромите Скопје и ...

Министерството за транспорт ја презеде обврската за санација на свлечиштето на патот кон Тефериџ во Општина Кисела Вода, поради сложеноста на проблемот и потребата од дополнителна стручна експертиза, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Телма, пренесе МИА. Николоски информира дека во тек е постапка за избор на изведувач, а по завршувањето на тендерот ќе започнат активностите ...