Одбојкарите на ОК Штип УГД испратија силна порака во плејофот на Првата лига мажи, откако со убедливи 3:0 (25:19, 25:19, 25:16) го совладаа актуелниот шампион ОК Струмица во дербито од второто коло. Натпреварот целосно помина во знакот на домаќинот, кој од првиот до последниот поен делуваше сигурно, дисциплинирано и тактички зрело. Штип УГД го контролираше темпото, наметна силен сервис и стабилен блок, не оставајќи простор за изненадување ...

Одбојкарски клуб “Штип Угд” – Штип со 3:0 (25:19, 25:19, 25:16) го победи шампионот Струмица во дербито од второто коло од плејофот во Првата лига мажи. Мечот мина во знакот на домашните одбојкарки, кои делуваа самоуверено во дуелот со еден од најголемите ривали, во чија игра секако се почувствува отсуството на еден од најискусните играчи, Владо Милев кој кариерата ја продолжи во странство. На овој дуел поранешниот репрезентативец Васе ...