Тренерот на Шкендија, Артим Положани се одлучи на промена на голманската позиција на натпреварот со Хибернијан во Единбург, за првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Така на голот ќе застане Ферат Рамани, кој ќе го менува Астрит Амзаи. Не е познато зошто Шкендија се одлучи на ваква замена. Од претходно беше јасно дека првиот голман, Бубакар Гаје не е во комбинација поради повреда. Јован Манев добива шанса во првите 11, ...
Денеска во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, фудбалерите на Шкендија на гостувањето во Единбург загубија со 2:1 од Хибернијан. Активен резултат за играчите на тренерот Артим Положани пред реваншот кој е закажан за 13 август од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. На вечерашниот дуел домаќините поведоа во 73 минута со голот на Елдинг на кој не внимаваше најдобрата ...

