Полувековниот јубилеј, шаховскиот клуб ШК Алкалоид го одбележа со шаховски фестивал на кој настапија играчи од десет европски земји. Во рамките на настанот се одиграа два турнира – во забрзан и во брзопотезен шах. Отворањето беше проследено со кратка церемонија, на која беше истакнато дека клубот има 27 титули од 33 одиграни првенства во независна Македонија, како и една титула европски клупски шампион и три европски вицешампионски пласмани. ...

По повод 50-годишниот јубилеј на Шаховскиот клуб Алкалоид, се организираше шаховски фестивал, турнири во забрзан и во брзопотезен шах со над 350 играчи од 10 европски земји. На турнирот во забрзан шах на кој настапија речиси 200 играчи, трофејот го подигна велемајсторот Кирил Георгиев, кој ја предводеше групата играчи на врвот со 9 бода од 11 партии. Второто и третото место ги освоија ИМ Христос Кралис од Грција и ИМ Ндерим Сарачи од Косово. ...