Кошаркарите од Работнички, не зеле плата осум месеци, а ако не се средат состојбите во клубот најавуваат дека нема да ги играат следните натпревари. Вината ја наоѓаат во локалната власт и кај спортскиот директор кој не им одговара на телефонски повици. На вчерашното отворање на реновираната сала Работнички во Градскиот парк, не бил повикан ниту еден претставник на клубот, за она што треба да е нивни дом. Нивната реакција објавена како Фејсбук ...
Алармантна состојба во редовите на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Играчи и членови на стручниот штаб на КК Работнички излегоа со јавно и недвосмислено соопштение во кое реагираат на, како што велат, „крајно неприфатливата и понижувачка состојба“ во која се наоѓа тимот, обвинувајќи ги раководството и локалната власт за игнорантски однос и непочитување. Во реакцијата се наведува дека со месеци наназад алармирале за сериозноста ...

