Новата рунда од кошаркарската Супер-лигата почнува утре, а највозбудлив меч се очекува да биде оној меѓу водечките две екипи на табелата, ТФТ и МЗТ Скопје, што на програмата ќе биде в петок поради обврските на МЗТ и вечерашниот меч на аеродромци во АБА2 лигата. Она што е интересно, двете скопски екипи клучниот меч за првото место во Супер-лигата ќе го играат во Гевгелија, и тоа во салата „Ноел“, в петок со почеток во 18 часот. Преостанатите ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје во моментов се во Босна и Херцеговина, каде што вечерва ќе го играат одлучувачкиот меч против Широки Брег во втората Јадранска лига, но на домашна сцена ќе се одиграат натпреварите од 18-тото првенствено коло. Според распоредот, ова коло треба да се одигра и дерби-дуелот помеѓу ТФТ и МЗТ Скопје, кој ќе одлучува за првото место на табелата, со оглед на тоа дека и двете екипи имаат ист ефект – по 16 победи и еден ...