Редовниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Денис Прешова, по повлекувањето на Ленче Ристоска од Обвинителството, оцени дека поднесувањето оставка од професија во која е вложен значителен труд и време е една од најтешките животни одлуки, која најчесто е резултат на притисок и чувство на безнадежност. „Поднесувањето на оставка и повлекување од професијата во која сте вложиле ...

„Во систем кој се ‘колне’ во самостојност и автономија, особено кога треба да се бараат пари, а нема да се најде ниту еден јавно да реагира на сите случувања, дали се тоа директно надредениот или надредените, здружението на обвинители, или Советот на јавните обвинители, не можете ништо друго да очекувате освен послушност и кооперативност со политиката и центрите на моќ“, пишува универзитетскиот професор во објава на Фејсбук, додавајќи дека ...