Додека надлежните органи истражуваат дали во Кумановско има сериски убиец, 85-годишната Росанка од кумановското село Челопек за телевизијата Сител сведочеше како била нападната и давена од непознато лице во нејзиниот дом. Според нејзиниот син станува збор токму за 25-годишниот Т.Б., кој е осомничен за убиството на М.С. (78) од истото село, а за кој органите истражуваат дали е во поврзано и со други убиства во кумановско. Нападот врз жената се ...

„Ми фрли ќебе преку глава. Си велам, кој е овој, не збори ништо, само почна да ме удира“, вака 85-годишната Росанка од кумановското село Челопек за ТВ Сител сведочеше како била нападната и давена од непознато лице во нејзиниот дом. Нападот врз жената се случил минатиот понеделник околу 14 часот. Според неа, непознато лице влегло во куќата и без да каже збор почнало да ја дави. „Прво ме фати за гуша, силно, за да не можам да викам. Ме удираше ...