Володимир Зеленски ја обвини Русија за тероризам откако со дронови беше погоден патнички воз во североисточниот регион Харкив, при што загинаа најмалку пет луѓе. Тој додаде дека уште четири лица се водат како исчезнати откако бил нападнат воз во кој имало речиси 300 луѓе. Локалните власти кажаа дека избувнал пожар откако биле погодени локомотивата и еден патнички вагон. Возот бил директно погоден со еден дрон, а уште два дрона експлодирале ...

Најмалку четворица луѓе загинаа во напад на руски дрон врз патнички воз во регионот Харков во источна Украина, соопшти претседателот на државата, Володимир Зеленски. Уште четворица сè уште се водат како исчезнати, а двајца се повредени, објави Зеленски на Телеграм. „Во која било земја, напад со беспилотно летало врз патнички воз би се сметал за терористички чин. Нема воено оправдување за убивање цивили во вагон“, напиша тој. Зеленски повика ...