Во Кавадарци полицијата привела две лица по одделни пријави за семејно насилство, информираа од СВР Велес. Првиот случај се однесува на 48-годишниот С.Ј., кој бил лишен од слобода откако било пријавено дека во семејниот дом физички го нападнал својот 74-годишен татко и му упатувал закани. По интервенцијата, тој бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање, ќе следува соодветна пријава. ...

Според информациите од МВР, случаите се пријавени во Скопје, Кавадарци, Струмица, Охрид и Гостивар Во текот на изминатиот викенд, полициските служби ширум земјата реализирале серија апсења поврзани со пријави за семејно насилство. Според информациите од МВР, приведени се вкупно седум лица во Скопје, Кавадарци, Струмица Охрид и Гостивар. На подрачјето на Скопје, полицијата лишила од слобода три лица. Во два од пријавените случаи се работи за ...