Несекојдневна глетка ги изненади минувачите во центарот на Скопје, кога претседателката Гордана Сиљановска Давкова излезе од автомобилот и се упати до најблискиот банкомат за да подигне пари. Додека таа ја вршеше трансакцијата, нејзиното бројно обезбедување беше позиционирано во близина, будно следејќи ја ситуацијата и чекајќи претседателката да заврши. Несекојдневна глетка ги изненади минувачите во центарот на Скопје, кога претседателката ...
Додека ја извршуваше оваа секојдневна лична обврска, нејзиното обезбедување постапуваше согласно строго утврдени безбедносни протоколи. Еден од телохранителите беше поставен грб со грб со неа, внимателно следејќи ја околината, додека друга членка на обезбедувањето привремено го регулираше и ограничи движењето на пешаците во непосредна близина. По краткото задржување кај банкоматот, Сиљановска-Давкова се врати во службеното возило, по што ...

