Фудбалската репрезентација на Македонија првпат во историјата успеа до последното коло да остане во трка за првото место во една квалификациска група. Полека, но сигурно, се менува реалноста на македонскиот репрезентативен фудбал – амбициите растат, а резултатите се движат во нагорна линија. Во квалификациската група Ј за Светското првенство, Македонија влегува во последното коло како второпласирана со 13 бода, два помалку од лидерот Белгија. ...

ЕКИПА во Кардиф, Велс Владимир Булатовиќ Македонската фудбалска репрезентација веќе го обезбеди, во најмала рака, баражот за пласман на Светското првенство следната година во САД, Канада и Мексико. Но, неспорен факт е дека Македонија за првпат во својата историја во последното коло од еден квалификациски циклус е во игра за освојување на првото место во групата и директен пласман на едно големо натпреварување! Првпат, по 15 квалификациски ...