На 04.08.2025 во 11:35 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода В.С.(54) од Македонски Брод. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.С., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање ...

На 06.08.2025 во 19:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М.(58) од Кочани. Околу 18:00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, тој со возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, а при вршење увид било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,93 промили алкохол ...