ФК Шкендија Арачиново уште еднаш ги информира навивачите дека утрешниот натпревар против екипата на Тетекс ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. Од клубот упатија повик до сите симпатизери и љубители на фудбалот да бидат дел од овој дуел и со своето присуство да дадат поддршка на тимот во важниот натпревар. Шкендија Арачиново се надева на силна поддршка од трибините, која ќе да биде дополнителен мотив за ...
Екипата на Шкендија Арачиново натпреварот со Тетекс од 23. коло на Втора лига ќе го одигра на стадионот „Борис Трајковски“ наместо како досега кога домашните мечеви ги играше во Сингелиќ на теренот на Фортуна. Од клубот бараат поддршка од навивачите во обид да стигнат до нов триумф. Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Тетекс стартува во 15:30 часот, а екипата на Берат Имери е фаворит за трите бодови, а „штофарите“ доаѓаат по изненадување. ...

