На културниот фестивал “Бит Фест 2025“, љубителите на класичната музика ќе добијат посебна можност — концерт на истакнатото “Трио Интерарт“ од Битола, составено од Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски (флејти), и Татјана Божиновска (пијано). Настанот ќе се одржи во среда, на 20 август во 20 часот, и најавува вечер исполнета со уметничка префинетост, длабока музичка интерпретација и богата комуникација меѓу инструментите. ...

Композициите „За Џанго“ и „Сфера“ се напишани во 2025 година, наменски за овој концерт каде што и ќе ја доживеат својата премиерна изведба На 30 август, со почеток во 12 часот, во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи авторскиот концерт „Сфера“ на композиторката Ана Пандевска во изведба на пијанистката Дуња Иванова. Музиката на Пандевска за првпат со целовечерен концерт ќе се промовира во Битола, градот на конзулите. На програмата ќе се најдат ...

Во Центарот за култура во Битола вечерва (20 август) вод 20 часот ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Незаборав“ која годинава одбележува 15 години постоење. Манифестацијата е посветена на македонски ммузичари кои оставиле белег во македонското музичко творештво, а се поврзани со Битола. „Незаборав“, чиј автор е продуцентот Панде Димитровски, вечерва ќе биде ретроспектива на изминатите 14 приредби посветени на: Сашка Петковска, ...