Сергеј Варошлија: „Во мојот салон најдов фотографија од мртва, претепана, ќелава жена со сошиена уста со конец“ „Ја отворам фотографијата, а тоа црно-бела фотографија од почината жена. Еве, сега не ми е пријатно кога го зборувам тоа. Не можев да поверувам, се имам откорнато од плачење“, споделува Сергеј Варошлија во разговор со Стефан Лазаров. фото: mpvsk Стефан Лазаров и Сергеј Варошлија го лансираа подкастот „Урок“, која ќе го има секој ...
Инфлуенсерот Стефан Лазаров и стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија започнаа нов заеднички проект, поткастот „Урок“, кој ќе се емитува секој четврток во 21 часот. Во првата епизода, Варошлија проговори за своето минато и сподели едно вознемирувачко искуство од неговиот поранешен салон за убавина, случка што, како што вели, му го променила погледот кон „морбидните работи“. Неговата исповед: „Да се вратам на мојата приказна како јас почнав ...

