Кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати (морфин, хероин), екстази (MDMA), седативи и ТХЦ во марихуаната – сите овие типови дроги сообраќајната полиција ќе ги испитува кај возачите со еден кинески брз тест од плунка, кој полициските службеници ќе го имаат во џеб. „Слободен печат“ доби официјални информации од МВР за овие тестови, кои веќе се нарачани и се прилично евтин начин преку кој ќе се врши скрининг на возачите што им се сомнителни на ...
Сообраќајната полиција наскоро ќе може на лице место да проверува дали возач управува под дејство на дрога, со брз тест од плунка што дава резултат за три до 10 минути. Министерството за внатрешни работи веќе нарачало 10.000 вакви тестови, кои треба да пристигнат во првата половина на август. Еден тест чини 218 денари, а ќе се користи за првичен скрининг на возачи за кои полициските службеници ќе се посомневаат дека се под дејство на ...

