Денешните мерења покажаа дека за три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, споредено со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните. Добро е тоа! Дождот во последните триесетина дена „работи” вредно и му помага на Езерото да не пресуши, затоа што само пред неколку месеци, жителите на околните места, но и еколозите алармираа дека Преспа снемува вода, популарни плажи се претворени мали ...
Најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека водостојот на Преспанското Езеро е зголемен за три сантиметри во однос на вчера. Сепак, и покрај овој благ пораст, езерото и понатаму е во алармантна состојба, со ниво кое е дури 2,26 метри под просекот за месец јануари. За разлика од Преспа, нивоата на Охридското и Дојранското Езеро остануваат непроменети во последните 24 часа. Охридското Езеро бележи ниво кое е ...

