Од „Зборци“ велат дека овој настан е резултат на идеја која долго време живеела во заедницата, пренесувана од една генерација на љубители на јазикот на следната. „Веруваме дека идеите немаат сопственици, туку носители“, порачуваат организаторите, додавајќи дека „Зборотворба на годината“ е аманет што сега станува реалност. Настанот има за цел да стане годишна традиција, а во неговиот фокус ќе биде изборот на нови зборови кои ги одразуваат ...
Шест основци и средношколци победија со своите есеи во исто толку категории во рамки на конкурсот по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Конкурсот го објави Министерството за образование и наука на 5 мај, кога и се одбележува Денот на македонскиот јазик и на истиот пристигнаа над 320 апликации од ученици од четврто одделение во основното образование до четврта година во средното образование. Победниците на ...
„Зборци“, љубители на македонскиот јазик, го најавуваат стартот на новиот годишен настан „Зборотворба на годината“, кој ќе се одржи во септември 2025 година, по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик. Целта на овој настан е да се слават новите зборови кои го обогатуваат македонскиот јазик и да се создаде нова традиција за неговото активно живеење и негова обновеност. Како што велат организаторите, „Зборотворба на годината“ ...