Европската фудбалска асоцијација УЕФА ги одреди судиите за претстојниот пријателски натпревар меѓу Ирска и Македонија, кој ќе се одигра на 31 март на стадионот Авива Стадион во Даблин. Главен судија на натпреварот ќе биде Велшанецот Иван Арвел Грифит. Нему ќе му асистираат сонародниците Џонатан Брајант и Хари Хендрикс, додека функцијата четврти судија ќе ја извршува Џејми Робинсон од Северна Ирска. Овој натпревар претставува дел од ...

Распродаден е капацитетот на „Авива“, стадионот во Даблин за утрешниот фудбалски натпревар на домашната Република Ирска со Македонија. Дуелот на „лузерите“ кој почнува од 20:45 часот, домашната јавност го прогласи за најскапиот небитен натпревар, натпревар кој е далеку и од пријателски а кој ќе се одигра во оваа земја. Вкупно 51.711 гледачи е капацитетот на националниот стадион во Даблин кој за домашните навивачи требаше да биде пшразник, ...