Претседателот на БЕСА и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами, изјави дека е свесен оти премиерот Христијан Мицкоски е мандатар и дека тој одлучува кој ќе биде министер. Сепак, додаде дека сè додека станува збор за политичка влада во која учествува БЕСА како дел од коалицијата ВЛЕН, неговата партија ќе одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна. На прашањето дали министерот Фатмир Лимани ќе остане на функцијата, Касами истакна ...
Обединувањето на владиниот коалициски партнер Вреди влегува во нова фаза. Меџити, кој е еден од лидерите, најавува интензивирање на разговорите, по јасните пораки од членството дека коалицијата треба да настапува како едно. Оваа изјава на првиот човек на партијата Демократско движење која учествува во Вреди, доаѓа еден ден по состанокот на највисокото раководство на партнерската партија Беса, вчера во Тетово. Централното претседателство на ...

