Како што информираа од НУ библиотека „Григор Прличев“ Охрид, со конкурсот кој го распишува четврта година по ред, библиотеката сака да го поттикне творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз. „На конкурсот можат да се пријават млади македонски автори од 15 до 35 годишна возраст. Беседата не смее да биде поголема од 3.000 зборови и треба да е напишана во фонтот ариел 12. Беседата не смее да содржи политичка, ...
Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ во 2026 година, НУ библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на големиот поет и преродбеник Прличев на темата: „По песната птиците се разликуваат“. Тоа е една од мислите што Прличев често ја употребувал во своите беседи пред охриѓани. Со конкурсот, кој го распишува четврта година по ред, библиотеката сака да го поттикне творештвото на младите луѓе ...

