Оваа година, пеперугите од Националниот парк „Галичица“ се во фокусот на визуелниот идентитет на манифестацијата. Од повеќе од 200 видови пеперуги кои се среќаваат во Македонија, дури 166 видови живеат токму во Галичица, што го прави овој парк едно од најбогатите живеалишта на дневни пеперуги во регионот. Постерот за овогодинешната Поетска ноќ е посветен на ова природно богатство, со порака за заштита и восхит кон кревката убавина на ...
Охрид, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Објавен е постерот за најновото, 37. издание на реноминираната манифестација – Поетска ноќ во Велестово, кој ќе се одржи од 15-ти до 17-ти авгист 2025 година. – Од повеќе од 200 видови пеперуги во Република Македонија, дури 166 живеат во Националниот парк „Галичица“. Затоа, постерот за годинешното издание е посветен на пеперугите на Галичица. Да се потрудиме заедно да ги заштитиме и уште долго да уживаме во ...