Денеска продолжува осмата етапа од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, а на програмата се мечевите помеѓу Тиквеш и Македонија ЃП, односно Арсими и Шкупи. Во Кавадарци, тимот на Тиквеш со голот на Садик во деветтата минута од мечот, дојде до водство против МЃП. Следуваше шансата на гостите, во која домашниот стопер Рамадани во обид да одстрани опасност ја погоди гредата од сопствениот гол, за да домаќинот има ситуација и за двојно водство. ...
Екипата на Арсими го совлада Шкупи со конечни 4-2 (2-1) во натпреварот од осмото коло во Првата македонска лига, и на тој начин го обезбеди вториот триумф во елитното фудбалско друштво. Првото полувреме започна добро за домашниот тим. Арсими дојде во водство во шеснаесеттата минута и се чинеше дека е во одличен налет, но гостите од Скопје прикажаа мотивиран пристап и успеаја да израмнат со убавиот гол на Португалецот Рибеиро, кој биеше прецизно ...