Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје покажа дека има џентлменски манири и дека е спортска организација како ретко која друга во Македонија. Капитенот Дамјан Стојановски, тренерот Васко Атанасов и директорот Филип Ѓоревски со пехарот од Купот на Македонија посетија еден од најголемите навивачи - во болница. Станува збор за Ристе Божиновски - Мачор, истакнат член на навивачката група „Фемили Аеродром“ кој поради здравствени проблеми е хоспитализиран. ...

Екипата на МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата во домашната сцена и по 14. пат во својата историја го освои пехарот во Купот на Македонија. Овој резултат донесе радост и среќа кај голем број на навивачи „штрковите“, а еден од нив доби посебен третман од клубот во моментите кога води здравствена битка. Имено капитенот Дамјан Стојановски, тренерот Васко Атанасов и директорот Филип Ѓоревски го посетија во болница Ристе Божиновски, средба која ...