Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повика на мирно решавање на тензиите со Вашингтон по обновените воени закани од американскиот претседател Доналд Трамп. За време на телефонски разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, Пезешкијан ја нагласил „неопходноста од воспоставување дипломатски процеси“, објави државната агенција ИРНА. Тој истакнал дека Иран не тежнее кон војна и дека евентуален конфликт не би бил во интерес ниту ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, коментирајќи ги иранските предупредувања дека евентуален напад од страна на САД би предизвикал „регионална војна“ на Блискиот Исток, изјави дека Соединетите Американски Држави имаат „најголеми и најмоќни бродови во светот“ распоредени многу блиску до регионот. Тој нагласи дека американското воено присуство претставува силен фактор на одвраќање, но истовремено истакна дека неговата администрација сè уште ...