Енвидија корп. (Nvidia Corp.) ќе инвестира до 100 милијарди долари во Опен еј-ај (OpenAI) за поддршка на нови дата центри и друга инфраструктура за вештачка интелигенција, што ја нагласува растечката побарувачка за алатки со ВИ како „Чет Џи-пи-ти“ (ChatGPT) и за компјутерската моќ неопходна за нивно функционирање. Компаниите во понеделникот го објавија договорот, наведувајќи дека потпишале писмо за намера за стратешка соработка. Инвестицијата ...

Овој потег ги одразува сè поизразените заеднички интереси на технолошките компании кои развиваат напредни системи за вештачка интелигенција. Договорот ќе ѝ даде на Енвидија финансиски удел во ОпенАИ, важниот клиент на компанијата, забележува „Ројтерс“. Инвестицијата на Енвидија ќе му обезбеди на ОпенАИ пари и пристап до софистицирани чипови кои ѝ се потребни за да ја одржи својата доминантна позиција во секторот во кој има сè пожестока ...