Четири натпревари се резервирани за саботната програма. Бранителот на титулата, МЗТ Скопје (11-1) за краток временски период повторно гостува во скопската населба Маџари. Овојпат за противник ја има екипата на Феникс 2010 (скор 5-7). Во исто време, но во салата „Независна Македонија“ ќе се сретнат екипите на Работнички (5-7) и лидерот на табелата – ТФТ (12-1). „Црвено-белите“ во обид да направат изненадување против водечката екипа во ...
МЗТ Скопје продолжува со победничкиот ритам во Суперлигата, откако го совлада Феникс 2010 на гостински терен со 73-85 во 13-тото коло. Избраниците на Васко Атанасов на паузата имаа скромна предност од 40-46, но силното второ полувреме ја реши судбината на мечот. Феникс го доби третиот период со минимална разлика, но во завршните десет минути МЗТ ја покажа својата класа и се одлепи на +10, обезбедувајќи убедлив триумф. Најефикасен беше Мек ...

