Екипата на Панатинаикос по голема драма и борба успеа да го совлада Реал Мадрид со конечни 82-81 во натпреварот од 26. коло на кошаркарската Евролига. Гостите од Шпанија одиграа за нијанса подобро во првото полувреме и на паузата имаа предност од четири поени (40-44), но „детелинките“ возвратија со одлична трета четвртина, која ја добија во своја полза со 24-17. „Кралевите“ не се предаваа лесно и внесоа голема драма во последните десет ...

Панатинаикос славеше над Реал Мадрид во луда завршница во Атина, во која со кош на две секунди до крајот, Грент успеа да донесе победа 82-81, откако претходно можеше да биде целосен трагичар. Реал Мадрид имаше предност од 75-77, а потоа Панатинаикос влезе во предност од 80-78. Израмни Реал на 80-80, и притоа Грент направи прекршок, па Хезоња го реализираше и слободното фрлање, на четири секунди до крајот. Сепак, Грент успеа да погоди и така ...