Отказот за Рубен Аморим го врати Манчестер Јунајтед во позиција во која треба да најде нова опција за менаџерското место, нешто што досега се покажуваше како краткорочно и неуспешно решение бидејќи клубот е многу далеку од славната ера под водство на Алекс Фергусон. Гери Невил како поранешен играч и капитен на Јунајтед, но истовремено и гласен хроничар на актуелните случувања во клубот од „Олд Трафорд“, во првиот коментар му порача на ...
Манчестер јунајтед повторно бара нов тренер. Рубен Аморим кој беше најавуван како спасител и стратег кој ќе го врати клубот на победнички патеки, доби отказ по само 14 месеци поминати на „Олд Трафорд“. Англискиот гигант и по заминувањето на Аморим уште е далеку од тоа да се врати на победнички патеки и да биде во трка за освојување на некој трофеј. Еден од оние кои посебно жестоко реагира на тоа што Манчестер никако не може да се стабилизира ...

