На 27.05.2025 во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека од стан на улица ,,Илинденска“ во Тетово каде сам живеел Р.Г. (89) од Тетово се шири непријатна миризба. Веднаш било постапено во однос на пријавата и од страна на екипа од тетовската противпожарна единица била отворена вратата и во станот бил пронајден Р.Г. починат. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото било предадено за обдукција ...
На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во с.Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од с.Гајре, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово. Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот ...