Баерн Минхен ја потврди доминацијата во Германија и денеска ја подигна 35-тата титула во Бундеслигата. Исто така ги освои и индивидуалните награди, освен една – за најдобар голман. Мајкл Олисе е прогласен за најдобар играч, Хари Кејн за најдобар стрелец, но наградата најдобар голман замина во рацете на чуварот на мрежата на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел. Кобел има 15 „чисти мрежи“, и е најдобар по овој параметар. Втор е Мориц Николас од ...

Иако Хари Кејн имаше уште една фантастична сезона во дресот на Баерн Минхен, признанието за најдобар играч во Бундеслигата заврши кај неговиот соиграч, Мајкл Олисе. Францускиот офанзивец беше избран за играч на сезоната по импресивните настапи во текот на шампионатот, во кој запиша учинок од 15 голови и дури 20 асистенции. Олисе беше еден од клучните фудбалери во тимот на Баерн и со својата креативност, брзина и ефикасност постојано правеше ...