Раде Трајковски Штекли има психотични епизоди со шизофрени елементи, тврди сведокот на одбраната, вештото лице Ѓорѓија Хаџи Ангелковски. На денешното рочиште од судењето за организирана продажба на дрога, Ангелковски сведочеше дека Трајковски верува во замислени работи, како на пример, во постоењето на фиктивен учител, кој му кажува што да прави. Обвинетиот е студен, емотивно неангажиран, параноиден и раздразлив, сведочеше Ангелковски. Додаде и ...
На денешното рочиште за случајот „Штекли“, вештакот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски го претстави својот психијатриски наод за обвинетиот Раде Трајковски – Штекли. Според неговата проценка, обвинетиот е психотичен и не е способен активно да го следи судењето. Штекли бил пациент на Ангелковски и пред десет години, по што истакна дека неговата состојба е значително влошена. По четиричасовен разговор, тој заклучил дека Трајковски има процесна психоза што ...