Атлетико Мадрид пристигна на гостувањето кај Рајо Валјекано на крилја на големата и убедлива победа над Барселона во Купот, но заврши на сличен начин како каталонскиот ривал во четвртокот. Рајо е блиску до опасната зона и го дочека овој натпревар со три порази по ред, но денеска издоминира против фаворитот и го совлада со убедливи 3:0. Перез го отвори резултатот во 40. минута, пет минути подоцна Валентин зголеми на 2:0, а точка на средбата ...
Само неколку дена откако ја понижи и убедливо ја порази Барселона во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Шпанија со 4-0, Атлетико Мадрид денеска доживеа бламажа во натпреварот во Ла Лига, и е поразен од Рајо Ваљекано со 3-0. Рајо во голема мера дојде до победата во последните пет минути од првиот дел, кога постигна два гола. Најпрво во 40. минута Перез успеа да погоди, а потоа во 45. минута во мрежата на Облак стрелаше и Валентин. ...

