По неколку дена пријатно време, со температури до 30 степени Целзиусови, Македонија повторно ќе биде зафатена од силен топлотен бран. Во следните десетина дена температурите ќе се зголемат за околу 10 степени, а од среда во делови од земјата се очекува живата во термометарот да надмине 40 степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на топол бран, до крајот на следната седмица времето ќе биде претежно ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени. Во Скопје се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе ...