Општинската организација на Црвениот крст во Гевгелија започнува со имплементација на проетот: „Секое дете со својата автентичност“. За таа цел, во просториите на ОО Црвен крст- Гевгелија беше одржана прес-конференција, на која беше презентиран проектот од страна на претставници на Црвен крст- Гевгелија и стручни соработници од општината, Ружица Икономова и Мери Кузманова, кои преку проектот ќе работат со децата во областа на специјалната ...
Во Општина Гевгелија алармантно е зголемен бројот на родители кои сè повеќе бараат помош од стручно лице во Центарот за рана интервенција, како и на децата во основните училишта во Општината кои имаат дисхармоничен развој и проблеми во учењето. Исто така, присутен е трендот на доцнење на говорот кај децата поголеми од две години, „екранизмот“ како феномен, како и презаштитничката родителска грижа. Ова беше истакнато на прес-конференцијата на ОО ...