Либанската армија соопшти дека регистрирала „повеќекратни израелски напади“ и „повремено гранатирање насочено кон голем број села“ во јужен Либан – само неколку часа откако стапи на сила 10-дневниот прекин на огнот меѓу двете земји. Во соопштението, армијата ги повика граѓаните да „бидат претпазливи кога се враќаат во јужните села и градови, со оглед на бројот на прекршувања на договорот“. Либанската армија претходно ги предупреди луѓето да ...
Израелската армија, која го окупира јужниот дел на Либан, по полноќ сруши куќи со булдожери во локалните градови Накура и Бајада. Ова го објави дописникот на Националната новинска агенција на Либан (ННА). Во извештајот понатаму се наведува дека армијата ги блокирала патиштата што водат до неколку градови во западниот дел на земјата со насипи и урнатини. Израелската војска соопшти дека извршила серија напади во кои загинале повеќе од 150 ...

