26-годишник кривично ќе одговара затоа што возел товарно возило без возачка дозвола и без соодветна лиценца. ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против К.Т.(26) од село Дебреште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на jавен превоз без поседување на лиценца”. На 23.09.2025 на регионалниот пат с.Суводол-Скопје, атар на с.Суводол, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување ...

