Лидерот на прволигашката табела Вардар денеска ќе има тешко гостување во Струга на теренот на третопласираната екипа Струга. Домашниот тим посакува прекин на серијата од три натпревари без победа со само еден освоен бод, додека „црвено-црните“ со евентуален триумф ќе ја зголемат предноста во однос на конкурентите. Почетокот на дуелот е во 14 часот. Како најава на овој натпревар е дуелот меѓу двете последнопласирани екипи на табелата ...
Работнички – Шкупи и Струга Трим Лум – Вардар се денешните два меча од Првата македонска фудбалска лига и двата се многу важни од различен аспект. На дуелот во Скопје, Работнички кој е претпоследен, мора да го победи младиот тим на Шкупи на кого му нема спас од испаѓање, и да ја извојува својата втора победа по ред, со што колку-толку би ги задржале шансите за опстанок, иако ситуацијата на дебармаалци е крајно драматична и имаат огромно ...

