Шкотскиот репрезентативец Рајан Кристи го продолжи договорот со англискиот премиерлигаш Борнмут, со што ќе се задржи во тимот до 2029 година. 30-годишниот Кристи е член на Борнмут од 2021 година и досега одигра 177 натпревари, постигнувајќи голови и 17 асистенции. Во моментов Кристи се наоѓа на Светското првенство со својот национален тим, каде ќе настапи во групата Ц, заедно со селекциите на Бразил, Хаити и Мароко. Шкотскиот репрезентативец ...
Реал Мадрид официјално соопшти дека искусниот германски стопер Антонио Рудигер останува на „Сантијаго Бернабеу“, откако двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до летото 2027 година. Претходниот договор на Рудигер истекуваше на крајот од јуни годинава, но раководството на мадридскиот клуб и германскиот репрезентативец успешно ги завршија преговорите и договорија нова едногодишна продолжена соработка. Триесет и ...

