На 19 август со почеток во 21 часот во НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес – Мала сцена свој концерт ќе одржи „Пијан Славеј Трио“. „Пијан Славеј“ е авторски музичко-поетски формат на Бранислав Николов, заедно со Пеце Брада Трајковски и Славчо Јовев (тројцата членови на култната група „Фолтин“). Во срцето на овој проект е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на ...
Триото „Пијан Славеј“ ќе одржи концерт на 19 август, со почеток во 21 часот, на малата сцена во Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Влезот е бесплатен, а билетите ќе може да се подигнат од билетарницата на театарот почнувајќи од 17 август. Триото го сочинуваат Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Славчо Јовев, членови на групата „Фолтин“. Преку својот авторски музичко-поетски формат, музичарите создаваат современ облик ...

