Андреј Темов како четврт носител го доби „малечкото финале“ односно дуелот за третото место на тенискиот турнир во У14 конкуренција што се игра во Анталија, каде што го надигра вториот носител Денис Шенгул со 6:4 и 6:4. Претходно, во полуфиналето, Темов беше тесно поразен од првиот носител Арас Јалчинкаја со 7:5 и 6:4 , но покажа дека го заслужува местото во врвот со новиот триумф. Јалчинкаја денес во финалето го совлада Босанецот Кан Ахиќ со ...
Андреј Темов успеа да избори пласман во две полуфиналиња на развојниот шампионат што се игра во Анталија, за тенисери до 14 години. Тој е рангиран како четврти носител и во првото коло беше слободен, а во двата меча оствари убедливи победи за пласман во полуфиналето. Прво го совлада Херон Ајети од Косово со 2-0 во сетови (6-0, 6-1), додека во четвртфиналето беше поуспешен од Илдар Малаи од Молдавија со 2-0 (6-1, 6-0). Тој утре во полуфиналето ...

